Композицијата „Запали Ми Го Огнот“ од групата Доорс (Врати) е нивното најдобро дело. Одлична хармонија мелодија, и ок стихови.
Уводот е навистина оригинален, строфата се развива одлично, добар прелаз во рефрен, место за импровизација (органа и гитара – класика!).
Феноменална верзија на истата песна има направено Хозе Фелисјано.

Врски: Понатаму

Црни Лептири (Црни Пеперутки) од српскиот бенд Ју Група можеби не е една од најубавите, ама е сигурно една од најважните песни за сите што живеевме во поранешна Југославија.

На Запад, првото нешто што било кој го научува на гитара е рифот на Дим на Водата (Smoke on the Water) од Дип Парпл.

Во Југославија, тоа беа првите уводни тонови на Црни Лептири. Нивната едноставност и наивност беа како магнет за сите идни гитаристи, меѓу кои и потписникот на овие редови. Понатаму

Eдна од најубавите композиции на составот Леб и сол (и Влатко Стефановски како автор) е Бистра Вода. Тоа е една чувствителна, деликатна инструменталка водена од акустична гитара но и бас во дел од мелодијата и електрична гитара во импровизацискиот дел. Музиката од Балканот е убава, и во оваа интрументалка нејзината убавина доаѓа до полн сјај.

Поврзување:

Оваа песна е напишана некаде 1630, за два хора (од 4 и 5 души). Тое е всушност музика врз Псалм 51. Кога тогашниот Папа ја чул во Сиктинската Капела, Рим, толку му се допаднала да дал проглас дека таа песна не смее да се изведува никаде освен во самата Сикстинска Капела. Кој ќе направи инаку, ќе се екскомуницитра од Црквата (исфрли). Песната е позната по едно високо Ц кое во неа се пее од вториот хор. Понатаму

Песната Македонија е издадена како сингл во 1973 година од групата ајм во СФР Југославија. Тајм е бенд од Хрватска и нивниот стил беше комбинација на прогресивен Џез и Рок. Во песнава тие користат комбинација на 7/8 и 4/4 (рок) ритми. 7/8 ритамот важеше за Македонски во тогашна Југославија.

Песната Македонија успеа да остане свежа и до денес, станувајки еден вид документ за убавината на животот во тогашната СФР Југославија.

Поврзување: Понатаму

СМАК  е бенд од  Крагуевац кој постоеше во СФР Југославија. Пионери во Алтернативната и Прогресивна рок музика на Балканските простори. Нивниот гитарист Радомир Михајловић Точак е еден од најсуптилните и иновативни гитаристи, мајстор на иструментот. Композицијата Ало Ало е необично уникатно дело на целиот бенд, употребувајки го „ехо“ музичкиот елемент како и неверојатни вокално можности на гитаристот Борис Аранђеловић.

Врски: Понатаму

На 11 јули 2009 во лондонски Барбикан  концерт одржаа Бобан Марковић и неговиот оркестар.

Тие настапија заедно со Tони Китановски и Черкези ОркестаротПонатаму

Оркестарот на Бобан Марковиќ како и Тони Китановски со Черкези Оркестарот ни приредија концерт во еден од најпознатите лондонски концертни простори, Барбикан. Концерт кој сите ние што присуствувавме долго ќе го помниме.
 
Беше врнежлив ден во Лондон, Сабота, 11 Јули 2009.
 
Нашата Метро линија не работеше бидејки имало човек под возот. Понекогаш и тоа се случува овде.
Сепак некако стигнавме навреме на концертот.
Салата во Барбикан  беше скоро полна.
 

Таа вечер се шетавме со сопругата покрај реката Темза во Лондон. Токму поминувавме покрај Шекспировиот Глобус Театар. Од кафеанчето што беше до него се слушаше жива музика – некаков бенд свиреше. Звучеше многу „кул“ и интересно, па така, на мое инсистирање, влеговме да ги чуеме.

Бубњеви, контрабас и електро-акустично гитарче. Тоа беше целата музичка постава на ова трио, кое, отпосле дознавме, се вика Violet Jive.