Џез

Оркестарот на Бобан Марковиќ како и Тони Китановски со Черкези Оркестарот ни приредија концерт во еден од најпознатите лондонски концертни простори, Барбикан. Концерт кој сите ние што присуствувавме долго ќе го помниме.
 
Беше врнежлив ден во Лондон, Сабота, 11 Јули 2009.
 
Нашата Метро линија не работеше бидејки имало човек под возот. Понекогаш и тоа се случува овде.
Сепак некако стигнавме навреме на концертот.
Салата во Барбикан  беше скоро полна.
 

Таа вечер се шетавме со сопругата покрај реката Темза во Лондон. Токму поминувавме покрај Шекспировиот Глобус Театар. Од кафеанчето што беше до него се слушаше жива музика – некаков бенд свиреше. Звучеше многу „кул“ и интересно, па така, на мое инсистирање, влеговме да ги чуеме.

Бубњеви, контрабас и електро-акустично гитарче. Тоа беше целата музичка постава на ова трио, кое, отпосле дознавме, се вика Violet Jive.