Мое мислење
Оркестарот на Бобан Марковиќ како и Тони Китановски со Черкези Оркестарот ни приредија концерт во еден од најпознатите лондонски концертни простори, Барбикан. Концерт кој сите ние што присуствувавме долго ќе го помниме.
Беше врнежлив ден во Лондон, Сабота, 11 Јули 2009.
Нашата Метро линија не работеше бидејки имало човек под возот. Понекогаш и тоа се случува овде.
Сепак некако стигнавме навреме на концертот.
Салата во Барбикан беше скоро полна.
Тони Китановски и Черкези Оркестарот го започнаа концертот.
Првин малу срамежливо, наскоро се отпуштија и почнаа да свират баш својски.
Уште кога некои мацки седнаа на првиот ред, очигледно расположени за танц, тогаш Џијан и компанија баш блеснаа.
Музиката на Тони & Черкези е суптилна варијанта и одблесок на музиката од тие наши простори. Тие таа суптилност успеаја мајсторски да ја пренесат на публиката.
Тоа што Тони и компанија го „проповедаат“ е една оригинална синтеза на Клаве, ритмичкиот патерн. Овој ритам со неговите варијации поттекнува од Северна Африка и се пренесол до двете Америки под формата на Румба и посебно во Њу Орлеанс верзијата на Рокенрол и Џез. А накај Балканите се трансформирал себеси под обликот на добро познатиот Чочек.
Музиката на членовите на Черкези Оркестарот исто така ги опфаќа северна Африка, Америките и Балканот. Тие својата музика ја свиреа добро и уверливо.
Досега имаат издадено еден албум под име Borderlands.
Понатамошно слушање и читање
- Википедија (инфо на мак.)
- Мајспејс (музика и инфо на анг.)
- Ју-тјуб (видео-плеј-листа)
- Тони Китановски вебсајт
| Виктор Масторидис |
Viktor.Mastoridis.co.uk
