Мое мислење

Црни Лептири (Црни Пеперутки) од српскиот бенд Ју Група можеби не е една од најубавите, ама е сигурно една од најважните песни за сите што живеевме во поранешна Југославија.

На Запад, првото нешто што било кој го научува на гитара е рифот на Дим на Водата (Smoke on the Water) од Дип Парпл.

Во Југославија, тоа беа првите уводни тонови на Црни Лептири. Нивната едноставност и наивност беа како магнет за сите идни гитаристи, меѓу кои и потписникот на овие редови.

Многу луѓе никогаш и не отидоа понатаму од тие пет тона, ама преку нив остана нивната врска со светот на музикантите.

А за музикантите, тоа беше врската со „обичните“ луѓе, потсетник дека некогаш и тие биле обични, дека нивниот музичарски живот е поделен на пред и по Црни лептири.

Поврзување:

 

Коментар

Може и не мора да оставите; нема да биде објавена
  • Интернет и имејл адреси се претвараат во линкови автоматски
  • Дозволено форматирање: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редови и параграфи се образуваат автоматски

Повеќе информација за форматирање на текст (на англиски)

Проверка на Искреност
Човек ли си или....?
1 + 0 =
Вметни го решението за овој мал математички проблем (тоа е нешто како своерачен потпис)