Концерт на Бобан Марковиќ Оркестар во Барбикан, Лондон

На 11 јули 2009 во лондонски Барбикан  концерт одржаа Бобан Марковић и неговиот оркестар.

Тие настапија заедно со Tони Китановски и Черкези Оркестарот

На сцената излегоа 12 музичари од кои 10 беа во истите карирани кошули. 

Двата трубачи кои беа облечени во цивилки беа Бобан и син му Марко. 

Како што можеше да се очекува, од 9 дувачи и 3 тапанари тивка музика не излегува. 

Микрофоните беа непотребни. Нивната музика е вткајување на Балканскиот „Гуча“ звук со Европски  модерни хармонии и ритми. Нивната енергија е неограничена.
 
Чочекот што го свират буди мртви да танцуваат и со жена ми се мислевме кога ли ќе станат и полу-мртвите Барбиканци.
 
20 минути им требаше. Со звуците на „Буба Мара“ салата се дигна на нозе и сите играа како да е општа свадба.
 
Барбиканци - кои се тие? Па, вечерта во концертната сала Барбикан имаше претежно  Македонци, Срби, Бугари, Босанци и Англичани, мада не недостасуваа Јапанци, Африканци и секакви други географии.
 
Во еден момент, по една бавна нумера, некој извика: „Дај чочек!"
А Бобан одговори: немојте да се плашите, има уште долго да свириме, секакви работи ќе се случат. 

И навистина, на виртуозноста на членовите на оркестарот на Боба Марковиќ и немаше крај. 

Предничеше Марко, синот на Бобан, кој дали со трубата, дали со гласот, покажа такво мајсторство, какво што ретко се среќава во светот. Во еден момент почна да ја свири трубата како кавал: човек да не поверува - тој гласен и продорен инструмент, во рацете на Марко Марковиќ звучеше така нежно и милозвучно, со сите украси што еден кавал може да ги даде. Мајстор над мајсторите, тој Марко Марковиќ. 

Татко му Бобан и не солираше многу. Очигледно е дека тој кормилото го препушта на синот, кој е образован и во Класична и Џез музика. Освен чочекот и забавната, која им е во крв. 

А од нив, познатите хитови ја подигнуваа публиката: Секси Ритам, Едерлези, Чај Шукарие, Месечина, Калашников.

 Понатамошно слушање и читање:

| Виктор Масторидис |
Viktor.Mastoridis.co.uk

Creative Commons License